Украинските вооружени сили тврдат дека во еден ден собориле четири руски авиони.
Тоа го напишаа во нова објава на социјалните мрежи, наведувајќи дека им нанеле „погубни удари врз руските теренски бази и магацини“. Се додава дека тоа „ќе го наруши системот на логистичка поддршка на непријателот на територијата на Украина, која е привремено окупирана“.
Украина тврди дека за 24 часа уништила четири руски авиони, три хеликоптери и бројни дронови.
Се додава дека Русија „немала значителен успех“ во својата офанзива во неделата и дека главните напори на Москва биле насочени кон „консолидирање и задржување на претходно окупираните граници“.
Украина соопшти дека Русија користела цивилна инфраструктура, вклучително и религиозни објекти, за да „опреми позиции, распореди оружје и воена опрема“.