Условна за струшкиот гинеколог Мухамед Асани за давање здравствени услуги во нелегална ординација во неговата куќа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Струшкиот основен суд му изрече условна казна на гинекологот Мухамед Асани за давање здравствени услуги во нелегална ординација во неговата куќа, меѓу кои и на родилката Јалдз Веапоска, која подоцна остана без органи.

Гинекологот не смее да направи ново кривично дело во наредните четири години, во спротивно, ќе треба да лежи затвор од две години.

Со оваа пресуда не му е изречена забрана за вршење дејност.

Ова е исходот од првата кривична пријава која ја поднесе Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Констатирано беше дека гинекологот Асани имал комплетна ординација, која не била регистрирана и ДЗСИ поднесе кривична пријава.

Мухамед Асани беше директор на струшката болница. По јавното обелоденување на случајот со Ваепоска, тој беше разрешен.

Share This Article