Руската армија тврди дека во денешниот напад врз местото Стричи и воената база Јаворив убиени се странски платеници

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Руската армија тврди дека во денешниот напад врз местото Стричи и воената база Јаворив убиени се странски платеници.

– Како последица на тој напад елиминирани се до 180 странски платеници и уништено е големо количество странско оружје – изјави Игор Конашенков од руското Министерство за одбрана.

Претходно, гувернерот на украинските регионални воени власти, Максим Козицки, изјави дека при нападот на руските сили врз воениот комплекс Јаворив, загинале најмалку 35 лица, а повредени се 134.

Тој додаде дека руските сили истрелале повеќе од 30 крстосувачки ракети кон воената база Јаворив.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан денеска изјави дека Русија ќе се соочи со одговор од НАТО доколку нејзините напади ја преминат границата на Украина и ги погодат сојузниците.

Воената база е лоцирана на само на само 10 километри од границата со Полска и вообичаено се користела за обука и заеднички вежби на украинската војска и нејзините партнери од НАТО.

САД и Алијансата соопштија дека за време на нападот во базата немало нивен персонал.

Share This Article