Во последниве години, здравата исхрана се повеќе е во фокусот на младите и возрасните. За да знаете која храна е добра, а која лоша, клучно е да разберете од каде доаѓа. Лоша храна се смета за храна со мала или никаква хранлива вредност. Нездравата храна го зголемува ризикот од дебелина, дијабетес и срцеви заболувања.
Шесте најопасни намирници за здравјето
Како прво, засладените пијалоци се сметаат за опасна храна. Доколку некој ги конзумира секојдневно, потребно е постепено да го намалува внесот. Газираните и слатките пијалоци треба да заземаат минимално учество во нашите менија.
На второ место се транс мастите. Транс масните киселини се произведуваат како нуспроизвод на делумна хидрогенизација на растителните масла и при продолжено загревање на растително масло на повисоки температури. Имаат бројни негативни ефекти врз метаболизмот, особено во развојот на атеросклероза и кардиоваскуларни заболувања. Примери на храна која содржи транс масти се маргарин, колачи, хамбургери и помфрит.
Следуваат рафинирани и додадени шеќери, кои предизвикуваат дебелина и ги има во бонбоните, пченкарниот и јаворов сируп итн. Иако сите луѓе можат да имаат корист од намалувањето на внесот на шеќер, луѓето со дијабетес, висок крвен притисок и семејна историја на срцеви заболувања треба да обрнат посебно внимание.
Треба да се избегнуваат и заситени масти бидејќи нивното прекумерно внесување може да го зголеми нивото на LDL или штетниот холестерол. Мононатриум глутамат, еден од најраспространетите прехранбени адитиви или засилувачи на вкусот, исто така е нездрав. Конечно, рибите со висока содржина на жива, како што се ајкулата, туната и сабјарката, исто така се сметаат за опасни по здравјето.