Автобус полн со млади фудбалери на фудбалскиот клуб Вила Мариа Хелена од Бразил се превртел во провалија од десетина метри.
Според информациите на бразилските медиуми, веќе се потврдени четири жртви, а 29 луѓе се повредени. Несреќата се случила на патот „BR-116“’на мостот над реката Анг.
Автобусот ги возел младите фудбалери до Дука де Касијас. Тројца од загинатите се млади, додека една е повозрасна личност. Телата се уште не се идентификувани, но познато е дека во моментот на несреќата во автобусот биле возачот, членовите на стручниот штаб и фудбалери на возраст од 14 до 17 години.
Младите фудбалери се враќале од турнир на кој го освоиле првото место.