More

    Ѕвездата на серијата „Чувари на плажата“, Памела Андерсон, утре ќе ги претстави сите тајни од својот живот во серијата „Памела, љубовна приказна“

    spot_img

    Ѕвездата на серијата „Чувари на плажата“, Памела Андерсон, утре ќе ги претстави сите тајни од својот живот во серијата „Памела, љубовна приказна“ (Pamela, A Love Story) на „Нетфликс“, а ден пред прикажувањето на површина излезе шокантен детаљ за Џек Николсон.

    Таа открила дека еднаш била сведок на „тројка“ во која главен актер бил познатиот глумец, инаку познат како зависник од секс.

    Наводно сѐ се случило во познатата вила на Плејбој, пренесува „Њујорк пост“.

    – Сите се кикотеа и се бакнуваа до ѕидот, лизгајќи еден преку друг. Поминав покрај огледалото, се наведнав над мијалникот за да си го поправам сјајот за усни – напишала 55-годишната Памела во своите мемоари „Љубов, Памела“, кои ќе се најдат во книжарниците истиот ден кога ќе се појави серијата.

    – Се обидов да не гледам, но не можев да се воздржам и го фатив неговиот поглед во одразот. Претпоставувам дека тоа му помогна „да ја заврши работата“, бидејќи испушти смешен звук, се насмевна и рече: „Благодарам, драга“ – додала актерката.

    Андерсон се присетила на настанот во ексклузивно интервју за „Вариети“, кое објави детали од нејзините мемоари. Популарната Памела нагласи дека „вилата на Плејбој се залагала за целосна слобода“.

    – Вилата беше полна со уметници, филантропи, интелектуалки, убави жени … Да се биде таму беше големо искуство – истакнала таа.

    Имено, Андерсон открила голем број холивудски тајни додека ја пишувала својата книга, а неодамна нагласи дека Тим Ален еднаш набрзина` го покажал меѓуножјето додека заедно го снимале „Home Improvement“.

    – На првиот ден од снимањето излегов од мојата соблекувална, а Тим беше во ходникот во наметка. Ја отвори својата наметка и набрзина ми покажа што има одоздола – се присети Андерсон.

    – Рече дека е само фер, бидејќи ме виде гола. Бевме еднакви тогаш. Непријатно се насмеав – рекла таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img