More

    Кремљ го демантира Лондон: Џонсон лаже!

    spot_img

    Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков тврди дека тврдењата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон дека рускиот претседател Владимир Путин се заканил дека ќе употреби проектили за време на телефонскиот разговор во февруари се лажни.Откако веста денеска одекна во британските и светските медиуми, новинарите побараа од Песков да ги коментира изјавите на Џонсон.

    „Тоа што го кажа г-дин Џонсон е невистинито. Да бидам попрецизен, тоа е лага“, рече Песков и додаде дека прашање е дали се работи за намерна лага или едноставно не разбрал за што зборува Путин.

    Портпаролот на Кремљ нагласи дека е запознаен со деталите од тој телефонски разговор.

    „Уште еднаш официјално повторувам: тоа е лага. Немаше закана од ракетни напади. Осврнувајќи се на предизвиците за руската безбедност, претседателот Путин истакна дека во случај Украина да се приклучи на НАТО, потенцијалното распоредување на НАТО или американски ракети во близина на нашата граница би значело дека секоја ракета може да стигне до Москва за неколку минути. Ако тие зборови беа сфатени на погрешен начин, тоа е многу непријатна ситуација“, додаде Песков.

    Да потсетиме, Борис Џонсон, говорејќи за документарен филм на Би-Би-Си, рече дека рускиот лидер го прашал за перспективите на Украина за влез во НАТО, на што тој одговорил дека тоа нема да се случи во догледна иднина.

    „Во еден момент ми се закани и ми рече: „Борис, не сакам да те повредам, но со проектил ќе треба само една минута“ или нешто слично. Весело“, рече Борис Џонсон, потсетувајќи се на многу долгиот и „најчуден“ телефонски повик од февруари 2022 година, кој уследи по посетата на тогашниот премиер на Киев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img