Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон изјави дека не верува дека тимот ќе може да се бори за победи во сезоната 2021/22 во Формула 1.
– Во овој момент, сигурен сум дека сите разбираат, ние не сме најбрзи. Ферари изгледаат побрзо. Потоа Ред Бул, а потоа ние, а можеби и Мекларен. Не мислам дека Мерцедес ќе се бори за победа. Секако, за една недела работите ќе станат појасни. Но, можеби ќе има изненадувања – изјави Хамилтон за „Аутоспорт“.
Возачот ги сподели и своите впечатоци за аеродинамиката на новите болиди.
– Се надевам дека Ф1 отиде во вистинската насока. Би сакал во одреден момент да добијам подобри гуми – додаде Хамилтон.
Денес на третиот ден од претсезонските тестирања во Бахреин, пилотот на Мерцедес го освои 9 место.
Бахреин на 20 март ќе биде домаќин на првата трка од новата сезона.