Легендарниот холивудски актер Брус Вилис е фотографиран во Лос Анџелес додека се шетал со пријател. Папараците им рекле на новинарите дека актерот излегол на ручек и пијалак и дека со никого не комуницирал.
По објавувањето на информацијата дека актерот боледува од афазија, неговото семејство и пријателите се обидуваат да го изложуваат на што помалку стрес и појавувања во јавност.
Минатата година на Брус Вилис му беше дијагностицирана афазија, нарушување на мозокот кое влијае на когнитивните способности, поради што актерот одлучи да се пензионира.
Неодамна, извори блиски до актерот открија за медиумите дека неговата состојба се влошила и дека неговото семејство се надева на чудо, по што на Инстаграм се појавија фотографии на кои тој позира со сопругата Ема Хеминг, поранешната сопруга Деми Мур и неговите ќерки.
„Брус не може многу да зборува и се чини дека не разбира што зборуваат другите, така што Ема навистина беше неговиот глас и комуникатор. Има денови кога гледаат делови од стариот Брус, но тоа е краткотрајно. Се чини дека е сè повеќе им се ‘лизга’ и тоа им ги крши срцата. Неговите ќерки не можат да го замислат животот без него. Им недостига стариот Брус – оној кој ги задеваше за нивните момчиња и им даваше совети“, изјавил извор за „Дејли мејл“.
На крајот на минатата година се дозна дека Брус Вилис ќе стане дедо. Среќната вест ја сподели идната баба Деми Мур која на Инстаграм откри дека нивната ќерка Румер го чека своето прво дете.
ФОТО: Инстаграм