Белоруската тенисерка Викторија Азаренка се пласираше во полуфиналето на Австралија опен, откако во вторникот наутро по средноевропско време со 2-0 ја победи Американката Џесика Пегула, третата тенисерка во светот.
Во сетови беше 6:4, 6:1 за 33-годишната Вика, некогаш прва, а сега 24-та играчка на ВТА листата. Дуелот траеше 99 минути, а се играше под затворениот покрив на „Род Лејвер Арена“ во Мелбурн.
Следна противничка на Азаренка ќе биде претставничката на Казахстан Јелена Рибакина, победничка на претходниот Вимблдон. Таа претходно во вторникот ја победи Јелена Остапенко во два сета.
Во Австралија, Азаренка се натпреварува за својата трета титула на првиот Слем во сезоната – го освои трофејот во Мелбурн во 2012 и 2013 година.