Украинските сили складираат проектили и артилериски гранати доставени од Запад во нуклеарни централи, изјави во понеделник директорот на руската служба за надворешно разузнавање Сергеј Наришкин, јавува Тасс. Тој тврди дека Киев ги користи постројките како покритие за резервите на муниција.
– Постојат веродостојни информации дека украинските војници складираат оружје и муниција доставени од Запад на територијата на нуклеарните централи – рече Наришкин, според соопштението на веб-страницата на разузнавачката служба.
Тој додаде дека вооружувањето вклучува ракети за фрлачи и ракети ХИМАРС од американско производство што ги користат странските системи за воздушна одбрана, како и „артилериски гранати од голем калибар“.
Според Наришкин, неколку автомобили натоварени со „смртоносен товар“ биле испорачани со железница до нуклеарната централа Ровно во западна Украина уште во текот на последната недела од декември.
– Тие се потпираат на пресметката дека руските вооружени сили нема да ги нападнат нуклеарните централи бидејќи ја сфаќаат опасноста од нуклеарна катастрофа – рече шефот на разузнавањето.
Во меѓувреме, најголемата нуклеарна централа во Европа, Запорожје, уште е под ризик. Од Меѓународната агенција за атомска енергија(МААЕ) повикаа на создавање на неутрална зона околу централата и ветија дека ќе стационираат свои мисии за мониторинг и во други објекти во Украина.