Евгениј Пригожин, шефот на „Вагнер“, во последните неколку недели е сè поистакната личност во руската и светската јавност.
Во новото видео, тој, наводно, може да се слушне како ги предупредува регрутите за бруталната природа на борбите во Соледар.
Така на снимката се слуша дека „Сталинград е одмор“ во споредба со Соледар.
Се разбира, Пригожин мисли на битката за Сталинград, една од најкрвавите битки во Втората светска војна, која се одржа на крајот на 1942 година и почетокот на 1943 година.
На крајот, Германците не успеале да го освојат Сталинград, а нивниот пораз се смета за еден од пресвртните точки во Втората светска војна.
Се проценува дека во битката кај Сталинград загинале околу 2 милиони луѓе.
Шефот на приватните платеници на Вагнер групата се чини дека е во судир со Кремљ, откако ги отфрли ветувањата дека ќе го преземе Бахмут во регионот на Доњецк со своите војници, соопшти Институтот за проучување на војната во своето последно ажурирање.