Со палки бил претепан припадник на Агенцијата за обезбедување „Перпетумобиле“ во Охрид, сторителите познати… Но, и ако настанот се случил пред Градскиот пазар во Охрид на улицата „Туристичка“, на ден 15.1.2023 година, веднаш до аптеката „Зегин“, во 9 часот утрото пред неговото службено возило со кое пренесувал пари, бил пресретнат од три лица од Струга, кои веднаш започнале да го тепаат со бејзбол палки. Од здобиените удари оштетениот припадник на Агенцијата за обезбедување „Перпетумобиле“ добил тешки телесни повреди, скршени ребра, напукната надлактица, а од ударите во главата и денес има сериозни проблеми. Но, сепак, Јавниот обвинител не побарал мерка притвор за трите лица од Струга кои биле напаѓачи,настанот оди по редовна постапка,а оштетениот имал право на приватно гонејње!?
Од друга страна, истото тоа обвинителство побарало 30-дневен притвор за наводниот напаѓач на благонадежниот Б’лгарин Христијан Пендик(ов)?! Отворено се поставува прашањето кое виси над главата на Јустицијата во ЈО Охрид, како тоа за три лица кои претепале лице со палки во време на вршење на неговата службена професија нема барање за мерка притвор, т.е. за дело кое е далеку поголемо во КЗ на РСМ од она со фамозниот Бугарин? Дали ЈО не побарало притвор за напаѓачите на вработениот во Агенцијата за обезбедување „Перпетумобиле“ во Охрид затоа што биле активисти на ДУИ, и дали истата партија ургирала со цел да ги заштити?
Сепак, врана на врана очи не вади!!!