Кошаркарите на Црвена звезда ја забележаа 11-та сезонска победа во Евролигата против Макаби Тел Авив со 84-77, а со нив во Штарк Арената се радуваше и тенисерот Новак Ѓоковиќ.
Откако вториот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ не доби одобрение од надлежните здравствени установи на Америка за настап на турнирите во Индијан Велс и Мајами, синоќа заедно со семејството и дадоа поддршка на Црвена звезда во натпреварот од Евролигата против израелскиот тим.