More

    Зеленски: Бројот на загинати во рускиот ракетен напад врз Дњепар се зголеми на 30 лица

    spot_img

    Бројот на загинати во рускиот ракетен напад врз Дњепар се зголеми на 30 лица, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    Тој во видео-обраќање рече дека засега е непозната судбината на повеќе од 30 луѓе кои можеле да бидат во зградата за време на нападот.

    Зеленски нагласи дека спасувачката операција продолжува.

    Во меѓувреме НАТО синоќа најави дека Украина „наскоро” може да очекува нови испораки тешко вооружување од Запад.

    Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ја „преценил силата” на руските трупи со инвазија на Украина.

    -Ги гледаме нивните погрешни чекори, недостатокот на морал, проблемите со командата, нивната лоша опрема” и нивните „тешки загуби”. Неодамнешните (западни) ветувања за снабдување со тешко оружје се значајни и очекувам повеќе во блиска иднина” – изјави  тој, неколку дена пред новиот координативен состанок на западните земји закажан за 20 овој месец, на кој треба да биде обезбедена дополнителна помош за Украина.

    Западните земји долго време не сакаа да му достават тешко оружје на Киев, стравувајќи дека би можеле да бидат вовлечени во војната. Но, на почетокот на јануари, Франција, Германија и САД конечно ветија дека ќе испратат оклопни орудија – 40 германски „Мардерс””, 50 американски „Бредли” и францускиот „MX-10 RC”.

    Велика Британија во саботата соопшти дека „во наредните седмици” ќе испорача 14 тенкови „Челинџер 2″ во Украина. Тоа е првата земја што ќе испорача тешки тенкови од западно производство на Киев.

    Киев веќе доби околу 300 тенкови од своите сојузници, но се работи за застарени советски орудија, ниту еден од западно производство.

    Полска минатата среда соопшти дека е подготвена да испорача 14 германски тешки тенкови „Леопард 2″, доколку добие одобрение од Берлин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img