По филмот за животот на пејачот Тома Здравковиќ, публиката ја чека и приказната за неговиот колега Џеј Рамадановски, кој почина на 6 декември 2020 година

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

По филмот за животот на пејачот Тома Здравковиќ, публиката ја чека и приказната за неговиот колега Џеј Рамадановски, кој почина на 6 декември 2020 година.

Сценариото за филмот „Недела“ го напиша Стефан Бошковиќ, а режисерот Немања Ќераниќ се подготвува за снимањето на кадрите. Уште се размислува кој ќе го игра Рамаданоски  во филмот. Конкуренти за главната улога се Денис Муриќ и Амар Ќоровиќ.

Филмот кој го носи името на еден од најголемите хитови на Рамадановски, ќе го прикаже детството и растењето на пејачот во дом за напуштени деца, но и ќе го следи неговиот пат до славата и неговиот подоцнежен живот.

Момчето кое ќе го глуми Џеј во периодот на раната младост, како што пренесуваат српските медиуми, ќе биде непознато  момче, кое ќе биде избрано на кастингот, додека во подоцнежните години од животот, пеачот ќе го играат Денис или Амар.

Share This Article