Како дел од серијалот „Балкан Експрес“ што се прикажува на националната телевизија ЕРТ во Грција беше емитувана репортажа во која се презентирани убавините и туристичките потенцијали на Охрид.
Преку квалитетна видео содржина, која беше снимена во текот на минатото лето, во репортажата се зборува за Охридското Езеро како најдлабокото и геолошки најстарото езеро во Европа, за манастирот Свети Наум, а преку епитетот „Ерусалим на Балканот“ прикажани се сите препознатливи цркви, културните знаменитости и староградската архитектура на Охрид. Во патеписниот материјал се зборува и за охридските занаетчиски работилници, фестивалот Охридско Лето и други уникатни карактеристики на нашиот најголем туристички бисер.
Репортажата може да ја погледнете на следниот линк: