More

    Навивачите со овации го дочекаа Ноле во на теренот во Мелбурн

    spot_img

    Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ емотивно го доживеа топлото добредојде од публиката на Род Лејвер арената во Мелбурн, каде пред стартот на Авслија опен одигра денеска егзибициски натпревар во хуманитарни цели со домашниот тенисер Ник Кирјос.

    Сите 15.000 влезници за дуелот меѓу Ѓоковиќ и Кирјос беа продадени за 58 минути.

    Ѓоковиќ, кој пред една година беше депортиран од Австралија, бидејќи не е вакциниран против коронавирусот, со овации беше пречекан од австралиската публика.

    – Ви благодарам многу, сега сум малку емотивен, да бидам искрен. Навистина се радував на враќањето на овој терен. Ви благодарам на сите што дојдовте – изјави Ѓоковиќ.

     

     

    Иако резултатот беше во втор план, двајцата тенисери освоија по еден сет, кој се играше во четири освоени гемови, а победникот беше одлучен во тај – брејк во кој на Ѓоковиќ и Кирјос им се приклучија и играчи во инвалидски колички. Тимот на Кирјос на крајот славеше победа со 10-9.

    Инаку организаторите дадоа се од себе за да му биде забавно за Србинот. Од озвучувањето во арената се слушаше ужичко коло, а на тактовите на добро познатата српска мелодија не остана имун ниту Новак Ѓоковиќ.

     

     

    Атмосферата потоа се прошири и на трибините. Покрај српскиот тенисер играа и навивачите на трибините.

     

     

    Првиот годинешен грен – слем турнир почнува в понеделник, а Ѓоковиќ, кој има девет титули на Австралија опен, во првото коло ќе игра против Роберто Кабраљес Баена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img