Тринаесет лица починаа, а 318 се новозаболени во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 2.358 тестови, а регистрирани се 318 нови случаи Скопје – 166, Битола – 24, Велес и Прилеп по 18, Кичево – 14, Куманово – 12, Кавадраци и Охрид по 10, Ресен – 9, Гостивар – 6, Тетово – 5, Дебар – 4, Кочани, Гевгелија и Неготино по 3, Радовиш, Крива Палнака, Богданци и Демир Хисар по 2, Штип, Струмица, Струга, Валандово и Виница по 1.
Од вкупниот број на позитивни (318), регистрирани се 43 реинфекции. Регистрирани сe 468 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица во болнички услови. Тројца од Скопје (73, 84 и 87) и по едно починато лице од Куманово (67), Охрид (68), Штип (71) и Кавадарци (56).
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 6 починати лица од: Гевгелија (2), Струга (1), Неготино (1), Прилеп (1) и Велес (1).
Починатите лица се на возраст од 58 до 85 години. Лицата се починати во период од 11.02. до 05.03.2022. Од пријавените починати, двајца се починати во болнички услови и 4 лица во домашни услови. Сите починати лица се со регистрирани коморбидитети.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 300.714, бројот на оздравени пациенти е 289.532, на починати е 9.117 а бројот на активни случаи изнесува 2.065.
Според епидемиолошки анализи во моментов во Скопје има 1.148 активни случаи.