Мемоарите на принцот Хари наречени „Резерва“ (Spare) се најбрзо продаваната публицистичка книга досега, објави вчера издавачот.
Се наведува дека вчера се продадени 400.000 примероци од тврд повез, е-книги и аудио формати, објави Ројтерс.
– Отсекогаш знаевме дека оваа книга ќе ’пламне’, но ова ги надмина нашите најоптимистички очекувања – соопштил извршниот директор на издавачката куќа „Tрансволд пенгвин рендом“ Лери Финлеј.
Во врска со ова, тој истакнува дека единствените книги кои се продадени во поголем број на првиот ден биле оние со друг Хари (Потер) во главната улога.
Мемоарите на Хари, чие издание на шпански јазик по грешка го здогледа светлото на денот порано од планираното, официјално беа пуштени во продажба вчера, а љубопитните читатели побрзаа во книжарниците за да добијат сопствен примерок од книгата која содржи интимни детали за британското кралско семејство.
Книгата го привлече светското внимание поради обвиненијата на Хари во врска со неговиот татко кралот Чарлс, маќеата Камила и постариот брат принцот Вилијам.
ФОТО: Инстаграм