More

    Ќерката на Балашевиќ признала дека оваа песна на нејзиниот татко избегнува да ја слуша

    spot_img

    Јелена Беба Балашевиќ, режисерка и ќерка на починатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, гостувала во емисијата „Мои 50“ и открила неколку интересни работи за својот татко.

    Таа признала дека избегнува да ја слушне песната на Балашевиќ „Наопака бајка“, која ја напишал во 1999 година откако таа доживеала тешка сообраќајна несреќа.

    – Тоа е песната на татко ми којашто избегнувам да ја слушнам. На некој начин се плашам од неа. Се сеќавам кога дојде од студио, тој ми најави дека ќе направи песна поврзана со настанот којшто му се случи на целото мое семејство во 1999 година, кога имав сообраќајна несреќа. Јас бев тешко повредена и тоа, за жал, остави трага на сите нас до крајот на животот – рекла Беба.

    – Сепак, од тоа заедно излеговме како победници. Тоа е единствената песна што ја избегнувам во широк лак. Ме враќа во тој период кој изгледаше како еден тунел, без и најмал зрак на светлина – додала ќерката на Ѓорѓе Балашевиќ.

    Беба открила и дека наскоро излегува комедија напишана од Ѓорѓе.

    „Ѓоле напиша комедија, драма, прва и единствена театарска претстава. Секој негов збор заслужува да го најде своето место пред публика и на сцена, каде тој беше апсолутен крал. Таа претстава ќе биде сè што е тој – Ѓоле“, рекла во интервју за „Накси радио“.

    Со исклучок на „Као рани мраз“, песна која е напишана во форма на сценарио, ова е првиот драмски текст кој го напишал Ѓоле.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img