Земјотрес со прелиминарна јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала го погоди островот Крит, соопштија грчките власти. Засега нема извештаи за евентуални жртви и штети.
Геодинамичкиот институт во Атина соопшти дека подводниот земјотрес се случил во 9:11 часот по локално време во близина на северниот брег на островот, пренесува Катимерини.
Неговиот епицентар бил на 38 километри северозападно од градот Неаполи во областа Ласити, на длабочина од 14,4 километри.
Грција е еден од деловите во светот најподложни на земјотреси, а самиот Крит е многу кревка област. Повеќето земјотреси предизвикуваат мала штета, а смртните случаи се ретки.
Засега нема извештаи за евентуални жртви и штети.