More

    Ефектот на пеперутката може да биде контролиран со вештачка интелигенција?

    spot_img

    Сите сме слушнале за Теоријата на хаос, кога една пеперутка во Мексико со своето трепкање со крилјата може да предизвика бура во САД. Но, сега научниците сфатија дека можат тој хаос да го контролираат – дека колку и да е комплексен унивезумот, или нашата метеоро-прогноза, еден ден ќе можеме да ги предвидиме сите овие нешта. Како? Студијата од Универзитетот во Минхен вели дека со помош на Вештачката интелигенција (АИ) можеме да ги бараме, како на лото, добитните комбинации кои ќе стабилизираат еден ваков хаотичен систем. На пример, кои ќе стабилизираат орбита во еден Лоренцов Атрактор.

    Не само што ќе го стабилизира хаосот, нашиот АИ со текот на време можеби и ќе најде и равенка за ваквите системи. Тоа што во моментов го знаеме е дека се потребни многу мали измени во системот за тој да стане стабилен, што е во наша корист. Огромното хаотично чудовиште може да се контролира со многу малку труд.

    За ваквото откритие зборуваше и Сабина Хосенфелдер, позната професорка која на јутјуб ги обзнанува своите согледувања. Таа вели дека поради пронајдокот ќе можеме да го контролираме времето, значи климатските промени, потоа плазмата во реакторите за фузија, со кои би можеле да добиеме бесплатна енергија….и многу други нешта. На пример, самата човекова свест е емергентна појава која во моментов на научниците им изгледа како хаотична невронска мрежа која не ја разбираме баш со нашите закони. И не е само човекот. Кај секое растение, секој биолошки систем е во фаза на „креативен хаос“. Во природата ваквите системи на неверојатен начин успеваат да се исконтролираат себеси.

    Ви звучи познато? Па да, нашата човечка цивилизација, буквално може да се спореди со таков хаос, вели Сабина Хосенфелдер, цитирајќи го Стјуарт Кауфман. Нашето општество, сообраќајот, културата…ги контролираме доволно за да не отидат во погрешна насока и го правиме тоа по интуиција.

    Зарем не е големо олеснување да се знае дека хаосот ќе биде во наша контрола? Сите оние мали системи на квантни честици за кои сега не знаеме како и што всушност прават…Всушност, хаосот и не е хаос, туку така само бил крстен во времето на Едвард Лоренц. Тој бил научник кој во 50-тите сфатил дека нема никогаш да можеме да одредиме сто отстотно дали ќе врне дожд бидејќи климата е толку чувствителна на она што се случува. Една децимала му менувала сè…

    Но, не повеќе. Хаосот се контролира. Како ова да го замислиме? Па, можеби ќе помогне претставата дека Универзумот е како една хармонична слика која се повторува и повторува во бескрај…Себеслична, неинвазивна, таа слика е како оние бабушка кукли кои влегуваат една во друга ако зумирате навнатре или обратно ако одиме нанадвор. На пример, од еден атом па до најголемите кластери со галаксии. Овие слики се викаат фрактали и е се дел од приказната за хаосот, кој сега не е баш веќе хаос.

    Што друго може да нè очекува покрај ваквото откритие дека ете, една компјутерска програма можеби ќе ни ги реши сите проблеми во физиката? Оние проблеми кои првпат ги откри математичарот Анри Поинкаре во 1887 година, кога сфати дека ниту нашиот Сончев систем по 5 милиони години нема да биде ист. Можеби е дојден моментот, кога нашите компјутери се доволни силни за да предвидат како по тие 5 милиони години, кога Сончевиот систем ќе прејде во хаос, како тој ќе се однесува и како ќе можеме да го спречиме Меркур да излезе од својата орбита уривајќи се во Сонцето – нешто за коешто се зборува во гореспомнатото видео.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img