Двајца авантуристи пронашле недовршена вила, вредна 10 милиони евра, полна со мебел и луксузни автомобили.
Џереми Абот и Биг Банк го пронашле замокот додека барале напуштени имоти на „Google“. После тоа, отишле да ја разгледаат куќата од 3.000 квадратни метри, која има 10 спални соби и 11 бањи.
Точната локација на оваа вила не е откриена, но момчињата откриле кој ја изградил и зошто куќата била напуштена.
– Човекот кој ја изградил оваа куќа беше многу успешен. Дипломирал на едно од најдобрите медицински училишта. Тој бил хирург, татко на четири деца, а хоби му било да лета со авиони – објаснува Абот во видеото.
Тој додава дека хирургот градел куќа за своето семејство недалеку од неговата работа. За жал, тој и неговиот син наводно загинале во авионска несреќа.
Сопругата и трите деца на богатиот хирург биле принудени да ја напуштат куќата откако дошло до проблем со животното осигурување на починатиот сопственик, бидејќи тој извесно време не ги плаќал ратите за премијата за осигурување. Наводно, семејството на оваа куќа и понатаму должи околу 8 милиони евра, од кои 50.000 евра данок на имот.
Абот открива дека хирургот наводно живеел во куќата до 2015 година, а потоа ја напуштил земјата и престанал да плаќа данок.
Куќата, која сè уште содржи работи, сега изгледа празна, но Абот верува дека таму живее бездомник, кој избегал низ прозорец кога тие влегле во имотот.
Абот и неговиот пријател на имотот пронашле мерцедес, буба и ленд ровер. Во дневната соба пронашле и украсена елка, како и шишиња со вода во фрижидерот.
– Најчудните работи што ги најдовме внатре не беа луксузните автомобили, скапиот мебел и телевизорите. Она што ме воодушеви е тоа што во куќата најдовме многу облека и чевли, на кои сè уште стои етикетата, како Диор чевлите во плакарот – рече Абот.
Во бањата пронашле скапа шминка, а низ целата куќа има траги од луксузниот живот на ова семејство. Момците пронајдоа кутии за „iPhone“ и „iPad“, па дури и кутија во која некогаш имало „Mac“ компјутер. Во собите имаше и кутии со скапи часовници и накит и многу брендирана облека, постелнина…
На никого не му е јасно зошто сопствениците би ја напуштиле куќата без да ги понесат овие работи со себе, бидејќи лесно се пренесуваат.
Абот и неговиот другар поминале 11 часа во куќата, истражувајќи го секој агол.