Ковачевски смета дека цената на горивото и понатаму ќе расте

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Јас немам потпишано одлука Бесмира Ејупи да биде генерален конзул во Њу Џерси, истакна премиерот Димитар Ковачевски во вечерашното гостување на ТВ24.

– Ние таму имаме конзул кој е дипломат со кариера и таму ќе остане веројатно до крај на мандатот. Не постои план за негово отповикување – рече Ковачевски.

Во однос на прашањето дали одлука за Ејупи била донесена на затворена владина седница, тој рече дека за одлуките на вакви седница не може да коментира, бидејќи информациите се класифицирани.

– Јас не ја познавам Ејупи. За нејзиното име првпат слушнав на вести. Не можам да навлезам во шпекулации кои ја предложил – посочи Ковачевски.

Во однос на кризата со којашто се соочува Македонија поради конфликтот помеѓу Русија и Украина, премиерот вели дека не може да се предвиди до каде ќе се продлабочува.

– Ако ја гледаме цената на нафтата во последните пет дена, таа дневно расте по 100 долари. Очекувам тоа да биде по нагорна линија и тоа е резултат на војната што се води во Украина. Тоа предизвика диснбаланс на светските берзи, пред сѐ на енергенсите и електричната енергија. Само ја зголеми и ја продлабочи кризата и влијаеше на цената на храната на светските берзи. Најголем дел се зголемени за над 50 отсто, а на јагленот е петпати зголемена цената. Тоа предизвика негативни економски последици кај нас. Владата уште во средината на минатата година донесе одлука за намалување на стапката на ДДВ – рече Ковачевски.

Тој повтори дека имаме доволни количини резерви со нафта.

– Имаме резерви на нафта согласно нашите потреби, ние можеме да ја купиме цела нафта на светот, но мораме да ја складираме некаде. Производителите на нафта низ целиот свет плаќаа за чување на нафтата низ секакви складови. Цената на нафтата која ја имаме во резерва е со пониска цена, но количините се ограничени и тие што можете да ги купите и тие што може да ги складирате – рече Ковачевски.

Како што наведе, еден отсто од потрошувачите трошат 20 отсто од струјата и се разгледува можност да плаќаат повеќе.

- Advertisement -
Ad image

– Еден отсто од малите потрошувачи и домаќинствата користат 20 отсто од електричната енергија. Се разгледуваат можностите, а Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе одлука, тие да плаќаат струја по повисока цена, бидејќи домаќинство што користи толку струја не троши само за домашни потреби – рече Ковачевски.

Премиерот бјасни дека цената за електрична енергија што ја плаќаат домаќинствата и малите потрошувачи е субвенционирана од страна на државата.

– Тие што плаќаат по субвенционирана цена, а остваруваат одреден профит со таа енергија ќе има тарифни модели за да платат повеќе. На сметка на тоа, други ќе платат помалку – смета премиерот и посочува дека надлежните треба да излезат и да кажат за што се користи таа енергија од тие еден отсто кои трошат многу повеќе од останатите.

- Advertisement -
Ad image

Со диверзификацијата на изворите на гас, смета премиерот, ќе дојде до намалување на неговата цена.

– Република Северна Македонија веќе донесе одлука за влегување во проектот Александрополи, што е терминал за течен гас. На тој начин ќе имаме диверзификација на изворот на гас со што ќе се намали цената. Преку тој терминал ќе се задоволат 100 отсто од потребите за гас кои Северна Македонија ги користи. Освен тоа, во Енергетската стратегија има и изградба на ветерни паркови и фотоволтаични централи, за што се отворени проекти од приватни инвеститори, како и државни инвестиции на старите наоѓалишта во Осломеј, каде што веќе е изградена фотоволтаична централа – рече Ковачевски.

Тој информираше и дека е во план и изградба на гасна централа, за што ќе се собираат понуди од странски инвеститори, а се разгледуваат и можносите за трансформација на постојните термоелектрани во гасни електрани.

Share This Article