Русија лансираше 710 проектили кон Украина од почетокот на инвазијата, а руските сили се приближија до Харков и Николаев, изјави висок американски претставник за Си-Ен-Ен.
Руските сили напреднаа 20 километри во последните 24 часа, па сега се пред Харков. Тие се оддалечени околу 15 километри од Николаев, град на југот на Украина.
„Нема значајни поместувања од страна на руските сили кон Киев или Чернихив, иако има „многу борби“ во близина на Чернихив“, рече претставникот.