Девет лица починаа, а 292 се новозаразени од ковид-19

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Девет лица починаа, а 292 се новозаразени од ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 2.410 тестови, а регистрираните нови случаи на ковид-19 се во: Скопје – 140, Битола – 21, Куманово – 18, Велес – 16, Прилеп – 14, Тетово – 13, Кавдарци – 12, Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка по 5, Виница – 4, Струга и Демир Хисар по 2 и Неготино, Свети Николе, Радовиш, Дебар, Берово, Валандово, Богданци, Кратово, Крушево и Демир Капија по 1.

Од вкупниот број на позитивни (292), регистрирани се 45 реинфекции. Регистрирани сe 303 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 2 починати лица од Крушево (85) и Кавадарци (67) во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, дополнително се пријавени 5 починати лица од: Скопје (2), Прилеп (1), Битола (1) и Дебар (1). Тие се на возраст од 45 до 85 години, а починале во периодот од 24.02. до 07.03.2022. Од нив 4 починале во болнички, а едно во домашни услови. Сите седуммина имале регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се дијагностицирани 300.398 лица со ковид-19, бројот на оздравени пациенти е 289.064, на починати е 9.104 а бројот на активни случаи изнесува 2.230. Во моментов во Скопје има 1.258 активни случаи.

Share This Article