Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше можност да ужива гледајќи го Светското првенство во Катар, каде беше забележан во ВИП ложата за време на финалето меѓу Аргентина и Франција.
Ѓоковиќ одлично се забавувал на натпреварот, по што им честиташе на организаторите на турнирот и на победниците.
„Му честитам на Катар што организираше многу успешен Мундијал. Беше чест и привилегија да присуствувам на финалниот натпревар кој беше еден од најдобрите фудбалски натпревари на кои некогаш сум присуствувал. Ви благодариме за ова спектакуларно искуство! Честитки за Аргентина!“, порача Новак на Инстаграм.
Како што пренесоа тамошните медиуми, тенисерот по финалниот напревар во Катар присуствувал и на престижната гала вечера организирана по тој повод.
На овој настан присуствуваа голем број познати личности, а меѓу нив беше и турската актерка Зејнеп Утку. Таа потоа сподели фотографија на Инстаграм на која позира во прегратка со Ѓоковиќ.
„Прекрасна вечера со пријателите вечерва. Прекрасно беше што ни се придружи Новак Ѓоковиќ, таков инспиративен талент“, напишала убавата Турчинка во описот.
Инаку, Зејнеп Утку зад себе има неколку многу успешни серии, а нејзина најактуелна е Јазги.