Доминик Ливаковиќ е еден од хероите на хрватскиот бронзен медал во Катар, а иако не беше прогласен за најдобар голман на турнирот, многумина сметаат дека требало да биде.
Одличните настапи на Ливаковиќ на Мундијалот привлекоа голем број заинтересирани клубови, а италијанскиот Tutto Mercato пишува дека за неговите услуги се заинтересирани три фудбалски гиганти – Баерн, Јувентус и Реал Мадрид.
Подоцна во текстот Италијанците тврдат дека Баерн и Реал се во подобра позиција да го доведат голманот на Динамо, а Јувентус сака да се осигура за во иднина бидејќи полскиот голман Војчех Шчесни наскоро ќе го напушти клубот.
Според Трансфермаркт, Доминик Ливаковиќ вреди 8,5 милиони евра, а се шпекулира дека челниците на Динамо за услугите на овој одличен голман бараат повеќе од 10 милиони.