More

    Времето денеска прeтпладне ќе биде претежно облачно, наместа со магла, а попладне облачноста ќе се намалува

    spot_img

    Времето денеска прeтпладне ќе биде претежно облачно, наместа со магла, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.

    Изутринава температурите во земјава се движеа од нула степени на Попова Шапка, два во Куманово, три во Битола, Берово, Маврови Анови и Лазарополе, пет во Прилеп и Крушево, шест во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Тетово, Охрид, Претор и Крива Паланка, осум во Струмица, девет во Гевгелија и Демир Капија и 10 Дојран.
    Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Прилеп 15 и во Крушево, по 14 литри на квадратен метар, потоа 10 во Охрид, девет во Пожаране, осум во Куманово, четири во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Струмица, Берово, Демир Капија и Ѓуриште, три во Тетово, два во Дојран и еден л/м2 во Битола и Штип.

    Во Скопје претпладнево ќе биде облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

    Во наредните денови следува период на стабилно време со повеќе сончеви периоди и со пониски утрински температури.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img