Американскиот претседател Џо Бајден во денешниот говор потврди дека забрануваат увоз на енергија од Русија.
-„Забрануваме увоз на нафта и други енергетски извори од Русија, што ќе нанесе нов удар на воената машина на Путин. Овој потег има поддршка од двете страни.Оваа одлука ја донесовме во консултација со нашите партнери.Сакаме сите членки на НАТО и ЕУ да се обединат. Треба да се разбере дека многу од нашите европски партнери не се во позиција да ни се придружат. САД произведуваат повеќе нафта од сите европски земји заедно. Затоа, сега работиме со нашите партнери во Европа за да ја намалиме нивната зависност од Русија. Денеска сме обединети во продолжувањето на притисокот врз Путин. „Бев искрен со американскиот народ од самиот почеток, реков дека одбраната на слободата ќе има цена“, рече тој.