„Се надеваме дека органите ќе истражат и дека ќе постапат“

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиевска денеска, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со издавањето на А-интегрирана дозвола за депонијата „Дрисла” без да биде извршен увид, рече дека таа информацијата ја слушнала од медиумите и оти сè уште во Министерството нема пристигнато ништо од Обвинителството, но оти се надева дека органите ќе постапат во рамки на своите надлежности.

– Јас се надевам дека органите ќе си постапат секој во рамките на своите надлежности.  МЖСПП е тука за да ги обезбеди сите потребни информации за случајот да биде час поскоро расчистен и се разбира дека треба да се осуди доколку постои еколошки криминал. Во борбата против еколошкиот криминал минатата година ние поддржавме неколку процеси за обуки на правници во Академијата за судии за тие да можат подобро да ги препознаваат делата кои што се против животната средина. Затоа што процентот на вакви изречени пресуди е премногу мал и јас се надевам дека во периодот што следи ќе има подобри резултати на оваа тема – истакна Оџаклиевска.

Таа потенцираше дека во буџетот на МЖСПП за оваа година се предвидени 2.500.000 денари за набавка на софтвер на Е-дозволи за да може да се дигитализира процесот на издавање на итегрираните дозволи и да се избегнат евентуалните или можни злоупотреби при издавањето на интегрираните дозволи.

Имено, вчера беше објавено дека Финансиската полиција нотирала кривично дело против животната средина. Раководител од ресорот Екологија минатата година без да направи увид во инсталација и нејзината работа, лично изработил и одобрил А-интегрирана еколошка дозвола на депонијата „Дрисла”, иако тие немале соодветна опрема за уништување на одредени видови опасен отпад.

Состојбата со екологијата во Македонија се чини дека бавно се подобрува. На пример, нотиран е значаен напредок во однос на усогласувањето на законодавството за животна средина и климатски промени со европското законодавство во однос на минатата година, но неговото спроведување останува недоволно, истакна Бојана Станојевска Пецуровска, претседателката на Центарот за климатски промени, осврнувајќи се на заклучоците од „Извештајот во сенка за Поглавје 27 -животна средина и климатски промени”.

Станојевска Пецуровска, на денешната конференција на која беше презентиран Извештајот, што го подготви ЦКП, во рамките на проектот „Анализа на напредокот на усогласеноста на националното законодавство со европското законодавство за животна средина и спроведувањето во РСМ”, истакна дека капацитетите и човечките ресурси остануваат слаби и недоволни додека пак државата се соочува со бројна, но неефикасна администрација на која и недостига соодветна координација, стручни и квалификувани кадри и силна интерсекторска соработка.

Таа потенцираше дека за сето тоа се потребни долгорочни инвестициони мерки соодветно координирани и анализирани од релевантните институции.

Share This Article