Твитер од денеска ќе лансира обновена верзија на својот претплатен сервис „Twitter Blue“, а цената ќе биде малку повисока за корисниците на уредите на Apple, објави американската компанија.
Новата верзија ќе им овозможи на корисниците да уредуваат твитови, да поставуваат видео клипови со резолуција 1080p (full HD) и да добиваат сина ознака што покажува дека сметката е потврдена.
Твитер сè уште не објасни зошто на корисниците на Apple им наплаќа повисока цена од другите, но имаше некои извештаи во медиумите дека социјалната мрежа бара начини да ги надомести надоместоците што се наплаќаат во Apple Stores.
Според одредени медиуми, новата цена на „сината птица“ само за апликацијата за iPhone уредите би се зголемила од 7,99 долари до 11 долари.