More

    Реките во северозападните делови на Босна достигнаа критичен водостој, по обилните врнежи викендов и се заканија да се излеат од нивните корита

    spot_img

    Реките во северозападните делови на Босна достигнаа критичен водостој, по обилните врнежи викендов и се заканија да се излеат од нивните корита.

    Најлошо е во поширокото подрачје на Приједор, Бихаќ и Сански Мост. Во тој град синоќа е прогласена вонредна состојба, откако водата од две реки ја поплави главната улица и почна да истекува во станбени и деловни објекти.

    Нивото на водата на Сана е критично, а локалната цивилна заштита го повика населението да биде дополнително внимателно, бидејќи се најавува продолжување на обилните врнежи.

    На подрачјето на Бихаќ врнежите предизвикаа лизгање на земјиштето, а во околината на Приједор, според достапните информации, водата до недела им се закани на повеќе од двесте станбени згради.

    Во хрватскиот град Карловац, поради брзиот пораст на водостојот на реките Корана и Купа, на сила се вонредни мерки за заштита од поплави. Пообилните врнежи во попладневните часови се претворија во снег во Горски котар, а снег опадна и во околината на Карловац, што се смета за среќна околност.

    Во саботата вечер опасно се заканите и реките Суњ и реката Уна кај Двор и Хрватска Костајница. Во Грачац во Лика се излеа реката Отуча.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img