Како се бориме со сајбер заканите?

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Секоја од надлежните институции во државата во рамки на своите ингеренции мора да ги развива капацитетите согласно дефинираните приоритети во Националната стратегија за сајбер безбедност и акцискиот план, а државата мора да пронајде начин за зголемување на буџетот поврзан со зајакнување на капацитетите во делот на сајбер безбедноста, истакнува во интервју за МИА деканот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски”, полковник Митко Богдановски, кој е и експерт во областа на сајбер безбедноста.

Тој потенцира дека голем дел од активностите планирани во Стратегијата и акцискиот план за сајбер безбедност 2018 – 2022, вклучително и оние кои се издвоени како најприоритетни, не се во целост спроведени.

Деканот, осврнувајќи се на најприоритетните чекори што мора да се преземат со цел зголемување на сајбер безедноста во земјава, нагласува дека е потребно да се фомира тело со оперативни капацитети кое ќе биде лесно препознаено од целото општество како институција задолжена за справување со предизвиците во сајбер просторот.

Според него приоритетните активности на кои треба да се фокусира државата со цел превенција и соодветен и брз одговор на евентуални инциденти се веќе добро утврдени во моменталната Стратегија за сајбер безбедност.

– Прво, формирање на тело со оперативни капацитети кое ќе биде лесно препознаено од целото општество како институција задолжена за справување со предизвиците во сајбер просторот. Мое мислење е дека ова мора да биде институција чија единствена цел ќе биде нудење услуги од областа на сајбер безбедноста. Доколку се стави во рамки на некоја друга организација која има и други одговорности, голема е веројатноста таа институција зависно од моменталната ситуација да стави приоритети на други активности во нејзина надлежност и повторно да се запостави сајбер безбедноста. Иако воспоставувањето на ова тело е предвидено со моменталната Стратегија за сајбер безбедност, до денес не е формирано. Истото, освен што би било одговорно за координација на активностите во делот на сајбер безбедноста, тоа би требало да развие капацитети со цел да помогне на институциите во државата во случај на евентуална загрозеност на нивниот сајбер простор, да развие политики и постапки, да контролира колку тие политики и постапки се спроведуваат од страна на институциите, како и да врши контрола и да дава насоки при набавка на хардверски и софтверски решенија од трети страни. Второ, усвојување законска рамка поврзана со сајбер безбедноста. Иако веднаш по усвојувањето на стратегијата беше напишан ваков Закон, истиот осамна на платформата ЕНЕР и сè уште не е усвоен. Трето, дефинирање на критичната информациска инфраструктура. Ние сме една од ретките држави во регионот која го нема направено истото. Во моментот постои работна група, предводена од Министерството за одбрана, која работи на дефинирање на критичната инфраструктура и сметам дека критичната информациска инфраструктура, како нејзин сегмент, ќе го најде местото во тој документ. Ова не е едноставна работа затоа што дефинирањето на критична инфраструктура подразбира прво да се направи квалитетна проценка на ризици и секако дека тоа одзема доста време. Согласно информациите со кои располагам, групата е во напредна фаза во донесувањето на документ кој ќе ја дефинира критичната инфраструктура на национално ниво. Истовремено, со поддршка на нашите партнери и проекти спонзорирани од нивна страна се работи во сегментот на дефинирање на критична информациска инфраструктура – вели Богдановски.

Тој во интервјуто нагласува дека дигитализацијата и сè поголемата примена на новите технологии можат дополнително да ја зголемат ранливоста на државата, особено ако не се преземат соодветни мерки за заштита.

Според него, не сите институции имаат ист капацитет за справување со сајбер напади.

Share This Article