Вештачка интелигенција која ќе ја предвидува иднината на авионот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Новиот напреден борбен авион за кој Велика Британија мораше да ги ангажира своите партнери Јапонија и Италија поради тоа што е поскап за развивање од авионот Ф-35 уште е во фазата на дизајн. На интернет се појавија повеќе слики како би изгледал новиот Темпест, во превод „невреме“. Ако сака да се носи со рускиот Су-35, тој ќе мора да има вештачка интелигенција која ќе може да учи од постапките на човекот-пилот, но и да носи хиперсонични ракети. Повеќето од опциите се модуларни, што значи дека треба да носи повеќе типови на ракети, меѓу другото и јато на дронови. Неговата архитектура е замислена како таква што ќе може по потреба да биде дооформувана.

Вештачката интелигенција која инаку ќе збира податоци од мозокот на пилотот би можела да се вклучи секогаш кога тој е под голем стрес или ако ја изгуби контролата. Авионот однапред ќе има голема база на психо и биометриски податоци и ќе одлучува за идните постапки, но и ќе може да ги предвидува.

Share This Article