More

    Хари и Меган зборуваа за „болката и страдањето“ на жените во кралското семејство

    spot_img

    Принцот Хари рече дека британското кралско семејство го игнорирало медиумското прогонство на неговата сопруга Меган врз основа на нејзината раса, во документарецот на Нетфликс објавен во четвртокот.Хари, исто така, направи паралела помеѓу односот на медиумите кон Меган и интензивното медиумско покривање на неговата мајка, принцезата Дијана. Дијана загинала во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, која се случила додека бегала од фотографите во лимузина.

    Хари, кој се повлече од кралските должности со Меган пред две години, рече дека негова должност е да ја разоткрие „експлоатацијата и поткупот“ на медиумите.

    Во првите три епизоди од документарниот филм, Меган се присети на првата смртна закана што ја добила, а Хари зборуваше за тоа како морал да се маскира на нивните состаноци. Објавена е и досега невидена снимка од нивниот син Арчи.

    Хари рекол дека „жртвувале се“ и дека се плаши дека медиумите ќе му ја избркаат сопругата.

    Таткото на Меган е бел, а нејзината мајка е Афроамериканка.

    Тој, исто така, ја спомна „болката и страдањето на жените кои се венчаа во таа институција“ (кралското семејство).

    Сепак, првите епизоди од документарецот не беа скандалозни за кралското семејство. Главниот фокус беше на тоа како биле третирани од британските таблоиди и како тоа влијаело на нивната врска и на крајот ги поттикнало да се откажат од официјалниот кралски живот.

    Искрено, колку и да се трудев, колку и да бев добра, што и да правев, тие сепак ќе најдоа начин да ме уништат“, рекла Меган.

    Хари рече дека „морал да направи се што може за да го заштити своето семејство, особено по она што се случи со неговата мајка“.

    Откако се повлекоа од кралските должности, Хари и Меган често ги напаѓаа медиумите. Тие ја прекинаа соработката со четирите најголеми британски таблоиди и успешно тужеа неколку списанија.

    „Се работи за должност и служба и чувствувам дека како член на ова семејство имам должност да ја разоткривам експлоатацијата и поткупот што се случува во нашите медиуми“, рече тој.

    Тој го критикуваше како членовите на кралското семејство реагираа на, како што сметаше, расистичкиот однос кон Меган во медиумите и инсистирањето на палатата да молчи.

    „Што се однесува до голем дел од семејството, се што таа минуваше, поминуваа и тие, па тоа беше речиси како иницијација“, рече тој.

    Следната недела ќе се емитуваат уште три епизоди од документарецот, а мемоарите на Хари „Spare“ ќе бидат објавени во јануари.

    Бакингемската палата соопшти дека нема да коментира за серијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img