Ковачевски: Стабилно и зголемено домашно производство на храна со новиот предлог Буџет за земјоделство

Lorita
By Lorita 8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска го презентираа новиот предлог Буџет на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за 2023 година.

Премиерот Ковачевски посочи дека следната година секторот земјоделство го има најголемиот буџет за земјоделство со кој се реализира најголемата земјоделска реформа за промена на моделот за субвенционирање, и тој преставува основа за понатамошен развој на земјоделството.

Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски:

„Почитуван министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,

Почитуван директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, директор на Агенцијата за храна и почитуван советник на министерот за земјоделие,

Почитувани медиуми, почитувани граѓани,

Денес е втората од серијата прес-конференции кои што ги одржуваме тука во Владата, првата беше со министерот Бесими за главните аспекти на буџетот за 2023 година, денес ќе го претставиме буџетот на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство за 2023 година, заедно со министерот Николовски ќе го презентираме, а на сите детали ќе се осврне ресорниот министер.

За следната година го имаме најголемиот буџет за земјоделство со кој се реализира најголемата земјоделска реформа за промена на моделот за субвенционирање и тој преставува основа за понатамошен развој на земјоделството.

Вкупниот предлог буџет за 2023 за поддршка на земјоделството, во кој што се опфатени сите институции кои учествуваат во развојот на овој сектор, е во износ од 193 милиони евра што претставува зголемување за 45 милиони евра споредено со 2022. Вака проектираниот треба да обезбеди сигурност, стабилност и основа за развој на земјоделството, што крајно ќе влијае на вкупниот економски раст.

- Advertisement -
Ad image

Ќе посочам дека најголем дел од средствата се алоцирани во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, каде што има и најголемо зголемување. Во 2023 година, Агенцијата ќе располага со 140 милиони евра од кои 114 милиони евра се наменети за исплата на субвенциите и спроведување на најголемата реформа во земјоделството.

Поединечно за деталите на предлог Буџетот ќе зборува министерот Николовски, јас ќе задржам на неколку сегменти од предлог Буџетот 2023 во делот на земјоделството.

Како и сите предлог буџети на министерствата, така и предлог буџетот за земјоделство за 2023 година е развоен, базиран на мерки за поддршка на земјоделците, антикризни мерки за одржливо и зголемено домашно производство на земјоделски производи и храна во услови на криза, капитални инвестиции и модернизација на земјоделството на среден и на долг рок.

- Advertisement -
Ad image

Предлог Буџетот за земјоделство за 2023 се темели на неколку цели:

– Почетокот на авансната исплата на субвенциите и навремена исплата на сите субвенции,

-Одржливо и зголемено домашно производство на храна,

-Капитални инвестиции,

-Зголемени инвестиции преку програмата за рурален развој,

-Модернизација на македонското земјоделство.

Во 2023 година започнува најголемата реформа во земјоделството, за прв пат, по европски терк, се воведува новиот „decoupling систем“ за распределба и исплата на субвенциите. Земјоделците ќе имаат авансна исплата на субвенциите. Ќе ги добиваат парите тогаш кога им се најпотребни, да можат навреме да се подготват за новата производствена сезона, да можат да вложуваат во модернизирање и зголемување на производство.

Во тој контекст, дополнителна поддршка добиваат оние земјоделци кои ќе се насочат кон производство на стратешките култури, со користење на сертифицирано семе и производот ќе го предадат кај регистрирани капацитети или земјоделски задруги. Дополнителна поддршка е предвидено и за земјоделците кои од своето производство создаваат финален производ за продажба.

И наредната години продолжува реализацијата на Планот за производство на храна заедно со Интервентната програма, кои согласно тековните состојби ќе се дополнуваат со нови мерки за помош на земјоделците и за зголемување на домашното производство на храна во услови на криза.

Зголемувањето на домашното производство е директно условено од капиталните инвестиции во водостопанската инфраструктура и наводнувањето на земјоделските посеви. Затоа и наредната година силен фокус ставаме на капиталните инвестиции во модерни системи и брани за наводнување, што крајно ќе придонесат за намалување на трошоците и загубите во производството, а од друга страна ќе придонесат за создавање на модерно и европско земјоделство.

Тука би издвоил неколку клучни инвестиции, како што е Браната Конско во вредност од 40 милиони евра, чија што изградба започна пред три и пол години и завршува во првиот квартал од 2023 година. Ова е најголемиот капитален проект за водоснабдување во последните 50 години. Следната година завршува изградбата на хидросистемот Равен-Речица во вредност од 15 милиони евра. Продолжува изградбата на Браната Речани, како и реализацијата на Програмата за наводнување на Северна Македонија која вклучува изградба на четири системи за наводнување во рамки на речниот слив на Река Вардар, почеток на изградба на браната на Река Слупчанска и уште други капитални инвестиции за кои ќе говори министерот Николовски во детали.

Во 2023 година со предлог Буџетот, продолжуваат инвестициите преку мерките од Програмата за рурален развој, како што е поддршката за малите винарии, за жените земјоделки, за развој на задругите, за младите земјоделци.

Не можеме да зборуваме за развиено земјоделско производство, ако немаме современи откупни и дистрибутивни центри. Следната 2023 година почнува изградба на двата откупни центри во Струмица и Ресен и на „Агрофуд платформата“ во Скопје, преку проектот за модернизација на земјоделството финансиран од Светка банка.

Со овој проект, кој е во вредност од 50 милиони евра, се обезбедува сигурен и организиран пласман за земјоделските производи, како и безбедни синџири на снабдување со здрава храна за нашите граѓани.

Нашата крајна цел е да имаме повеќе домашна храна, да не зависиме од увоз, да создадеме модерно и конкурентно земјоделско производство, со мотивирани и задоволни земјоделци.

Во изминатите пет години покажавме и докажавме што значи вистинска грижа за земјоделците, за цел еден сектор кој не само што има важен удел во економијата, туку и во нашите животи –  бидејќи не можеме да живееме без храна! Ветив дека никој нема да биде оставен сам и преку конкретни и таргетирани мерки навремено одговараме на секој предизвик од кризата – имаме доволно храна, имаме енергенси и струја, ги помагаме најранливите.

Поддршката за земјоделците и за земјоделството продолжува и следната 2023 година. Преку континуираната и силна поддршка за земјоделството и земјоделците, ја развиваме и економијата, затоа што влогот во овој сектор, значи влог во развојот на државата.

Имаме вредни земјоделци, имаме климатски и почвени услови, имаме развојни субвенции и програми, имаме развоен предлог Буџет за 2023 и затоа верувам дека ќе успееме во исполнување на целта, за овој сектор да биде еден од двигателите на нашата економија.

Share This Article