Најпознатиот македонски јутубер се збогуваше со фановите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Марко Марковиќ, попознат под псевдонимот ГП, е еден од најуспешниот македонски јутјубери. Во прилог на тоа секако одат неговите видеа кои имаат безброј прегледи, лајкови и коментари.

Меѓутоа, доцна синоќа, ГП во емотивно видео сподели со своите следбеници и обожаватели дека ја напушта  јутјуб-сцената.

Јутјуберот во 60-минутното видео ја образложи причината за неговото „заминување“.

„Свесен бев дека ќе го снимам ова видео, ама не очекував дека волку рано во мојот живот да го снимам видеово, но за жал, дојде и тој ден – ја започна својата исповед младиот Марко.

„Образованието секогаш ми било, ќе ми биде на прво место и ќе биде многу јасно зошто ми било важно, по денешново видео“, вели ова 22-годишно момче.

Тој ја откри и причината за напуштањето на Јутјуб.

Марко е студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и е четврта година на студии. Тој сака да го заврши факултетот и сака да почне да си работи на својата професија.

– Сакаш Јутјуб или сакаш програмирање? – се прашува Марко во видеото.

Марко едноставно повеќе нема време за Јутјуб.

- Advertisement -
Ad image

 

ФОТО: Јутјуб

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply