More

    Член на македонскиот тим го објаснува судирот во мешовитата историска комисија

    spot_img

    Не работиме на утврдување на статусот на МПЦ-ОА, туку на тоа, како таа ќе биде претставена во учебниците по историја. Во актуелните учебници не им се објаснува на децата која е улогата на црквите, треба да научат кое е местото на црквата во средниот век, посочи Петар Тодоров од Мешовитата комисија за историски прашања во денешното гостување во Дневникот на Сител.

    Тој посочи дека бугарските претставници инсистирале на тоа дека Охридската архиепископија е наследник на бугарската црква која се појавила во бугарското средновековно царсто. Но, вели Тодоров, изворите покажуваат поинаку, дека таа е формирана во византискиот период.

    – Тука се судираме. Треба да им се објасни на децата која е улогата на Охридската архиепископија и која е улогата на црквите во византискиот свет. Препораките кои би ги усвоиле треба да бидат и за македонските и за бугарските учебници – посочи Тодоров.

    Тој го повтори ставот дека целта на Комисијата не е решавање на политички прашања.

    Претходно со соопштение македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна и експертска комисија за историски и образовни прашања реагираше на, како што наведе, некоректното информирање на јавноста за темите кои се предмет на дискусија во работата на Комисијата.

    – Бевме изненадени како тоа бешее претставено во јавноста, дека сме разговарале за црковни прашања, за статусот на МПЦ. Предмет на работата на Комисијата се прашањата за претставувањето на историјата на Охридската архиепископија во учебниците по историја за основно образование во двете држави, нејзината улога и значење за христијанството и словенската писменост и книжевност, а не црковно-теолошки прашања или утврдување на статусот на МПЦ-ОА или, пак, нејзино дефинирање во национална смисла – рече Тодоров.

    Тој беше дециден дека никој во православниот свет нема проблем со тоа што МПЦ-ОА се повикува на Охридската архиепископија. Тодоров рече дека улогата на Комисијата не е да решава политички прашања.

    – Комисијата не мора сите прашања да ги реши. Ние не решаваме историографски дебати и не решаваме проблеми во учебниците. Ако нема решение кое ќе води кон подобри односи меѓу двете држави, ако тоа решение предизвикува повеќе проблеми, најдобро да се прекине и да се оди на други теми – рече Тодоров.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img