More

    Пејачката Бритни Спирс повторно осамна гола на Инстаграм, а овој пат позираше во када

    spot_img

    Пејачката Бритни Спирс повторно осамна гола на Инстаграм, а овој пат позираше во када, стратешки поставувајќи цвет на своето меѓуножје.

    „Сакам да бидам лоша. Никогаш професионални фотографии… Да се ​​биде лош лесно ми оди од рака! Продолжи да плескаш, кучко“, порачала Бритни во описот на фотографиите на кои позира гола, шокирајќи ги своите следбеници. Некои се згрозени и загрижени, а некои решија да се пошегуваат и во оваа ситуација.

    Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА.

    „Трипати го прочитав овој опис, но сè уште сум збунет што сакаше да каже“, гласеше еден од коментарите.

    „Само седам овде и се смрзнувам и за неа. Некој ве молам да стави повеќе вода во таа када“, напишал друг коментатор.

    „Сите што велат дека ова не е Бритни се во заблуда. Ова е таа. Токму така решила да се однесѕва сега кога може да прави што сака. Одлучила да ги налути луѓето затоа што ја држеле затворена со години. Сега го прави што сите ѝ велеа да не го прави Таа сака да биде така и тоа е нејзин избор. Ќе продолжи да прави работи за да ве изнервира сите затоа што гледа дека во последно време тоа е единствениот начин да привлече внимание. Таа е огнен знак. А кога ни велите нешто да не правиме, ние тоа ќе го правиме уште повеќе“, се обидела да ја оправда во коментарите една следбеничка.

    „Се колнам дека овие коментари се иритирачки, луѓето толку долго ја сексуализираа Бритни и сега кога таа го прифати тоа и се прифати себеси, одеднаш луѓето мислат дека нешто не е во ред со неа?“, гласеше еден од коментарите.

    „Ќе биде многу тажно ако нешто ѝ се случи, а сѐ што направија нејзините обожаватели беше да продолжат да го поддржуваат нејзиното необично однесување. Таа е целосно изгубена. Толку е тажно…“, додала друга следбеничка.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img