More

    Годинава производството е поквалитетно и поголемо од лани

    spot_img

    Просечната цена по која годинава се откупува тутунот достигна 261 денар по килограм, што е за повеќе од 60 денари поголеам од ланската, соопшти премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета на прилепскиот Тутунски комбинат и увид во откупот.

    Јане Станкоски, директор на државниот земјоделски инспекторат вели дека откупот непречено тече и нема приговори од тутунарите.

    – Досега се откупени повеќе од 3.000 тони тутун, просечната цена е 261 денар за килограм. Откупуваат девет од десетте овластерни компании и последната ќе почне до истекот на крајниот законски рок за откуп, 15 декември. Нема проблеми и нема пријави на тутунарите за текот на откупот – изјави Станкоски.

    Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија вели дека со повисоките цени се ублажени трошоците на тутунарите и ќе се настојува за натамошни повисоки цени за наредната година.

    – Постигнавме повисоки цени на откупот по класи. Тоа колку-толку ќе ги ублажи вложените трошоци на тутунарите во производството. Нема да застанеме на тоа и ќе продолжиме со притисоците за повисоки цени и наредната година – изјави Стомнароски.

    Во земјава тутунот се откупува на 115 ваги со девет откупувачи.

    Премиерот Ковачевски рече дека откупот на тутунот почнува со позитивни податоци, повисока откупна цена, повеќе склучени договори, поголемо планирано количество за откуп и подобар квалитет на тутунот.

    – Откупната цена сега е 261 денар, за разлика од лани кога беше 200 денари. Ова се највисоки цени во откупот на тутунот во последните десет години. Инаку, од 2014 година до денес откупната цена е зголемена за 115, 7 проценти. Пораст има и кај бројот на склучени договори кои се за седум отсто повеќе од лани. Годинава се очекува да се откупат околу 21.000 тони што е за 10 отсто повеќе од лани. Имаме поквалитетен тутун, што значи подобра година за тутунот. Тутунот носи годишен девизен прилив од над 120 милиона евра и околу 20.000 семејства егзистираат од оваа гранка и секоја преземена мерка е во интерес на тутунопроизводителите – рече Ковачевски.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img