Од март до август 2022 година на пратениците во Собранието им се исплатени 11.745.825 денари за патни трошоци, соопшти партиајта Левица.
„Додека народот поминува низ криза која ги загрозува семејствата и животите на луѓето, високата политичарска класа продолжува да ги негува сопствените привилегии! Пратениците од сите парламентарни партии, освен Левица, ја продолжуваат праксата на привилегирано и криминално однесување во сопствена корист, по цена да им се наштети на граѓаните“ – се вели во соопштението на Левица.
Партијата потсетува дека доставила предлог пратеничките патни трошоци да се изедначат со вредноста на автобуските карти, како и за реформа на структурата и намалување на цените на патарините, но мнозинството не дало поддршка и за нив.
Пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, во овој период како и претходно, немаат наплатено патните трошоци по оваа основа, се вели во соопштението на партијата.