Кинескиот претседател Си Џинпинг е снимен како го обвинува канадскиот премиер Џастин Трудо за објавување детали од нивната средба зад затворени врати на самитот на Г20 во Бали.Според Би-Би-Си, Кси му рекол на Трудо преку преведувач дека тоа е несоодветно и го обвини за неискреност.
Се додава дека кинескиот лидер веројатно мислел на медиумските извештаи дека Трудо зборувал за обвинувањата против Кина за шпионажа и мешање во канадските избори.
Двајцата претходно одржаа состанок зад затворени врати, првпат по неколку години.
Сè за што разговаравме беше објавено во медиумите и тоа не е во ред“, му рекол Кси на канадскиот премиер во објавеното видео.
Трудо се насмевна на тоа, кимна со главата и одговори дека во Канада веруваат во слободен и отворен дијалог.
„Ќе продолжиме да се трудиме да работиме заедно, но секогаш ќе има работи за кои не се согласуваме“, рече премиерот на Канада.