Американската скијачка Нина О’Брајан имаше страшна несреќа на Зимските олимписки игри во Пекинг, на само неколку секунди пред да ја мине целта!
Веднаш и била укажана помош, четворица членови на медицинскиот персонал истрчале на снегот, трката привремено беше прекината, а Нина потоа со носилки беше однесена од патеката.
Американскиот тим за скијање и сноуборд потоа реагираше преку социјалните мрежи и рече дека Нина имала тежок пад, но дека била будна и реагирала.
Во меѓувреме се појавија информации дека Нина ја повредила десната нога, односно дека има скршеница на коската, додека на снегот сигурно и помагаа околу 10 минути.