Компанијата „Дајнерс клуб интернационал Белград“ која од 2017 година е во стечај е понудена на продажба по почетна цена од 69,7 илјади евра (82 милиони динари), објави стечајниот управник.
Ова е втора продажба со јавно наддавање на компанијата, која се проценува на 1,4 милиони евра (164 милиони динари).
Заедно со белградски „Дајнерс“ се продаваат и портфолиото на побарувања, земјоделско земјиште на територијата на Лазаревац, залихи на пратки, стока и мебел.
Јавеното наддавање за оваа компанија регистрирана за давање финансиски услуги, е закажано за 23 декември.