Сталоне не го бендисува „Роки“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Силвестер Сталоне, вели, „не е воодушевен од насоката” на „Крид 3″ (Creed III) – првиот игран филм од серијалот за легендарниот боксер Роки Балбоа во кој славниот глумец воопшто не се појавува. Тој го создаде ликот пред речиси 50 години, а сега, во интервју за „Холивуд репортер”, веќе негодува што нема никаква моќ над франшизата.

– Филмот отиде во многу поинаков правец од тој што јас го замислував. Тоа е поинаква филозофија на Ирвин Винклер и Мајкл Б. Џордан. Им посакувам сѐ најдобро, но јас сум поголем сентименталист… Сакам моите херои да бидат тепани, но не сакам да одат на она темно место. На луѓето им е доста од темнината – изјави Сталоне (76).

Откако претходно го критикуваше филмскиот продуцент Ирвин Винклер за барањето авторски права на „Роки” и „Крид”, акционата ѕвезда го коментираше последниот филм, во режија на Мајкл Б. Џордан. „Крид 3″ ќе биде објавен на 3 март 2023 година.

Сталоне, меѓу другото, претходно истакна дека треба да има поголема контрола врз филмскиот серијал, бидејќи не само што го глумеше култниот Роки, туку тој и го создаде. Имено, Сталоне го напиша првиот филм во 1976 година, а филмот освои три „Оскари”, меѓу кои и оној за најдобар филм.

Како занимливост, тој откри дека сцената со мечот во „Роки IV” за малку ќе го убиела откако работите излегле од контрола при снимањето.

Share This Article