Познатата актерка Ребел Вилсон неодамна се најде во центарот на вниманието откако призна дека ја привлекуваат жени.
Набрзо Ребел откри дека е во врска со Романа Агрумо.
„Со години мислев дека барам принц од бајка на „Дизни“, но можеби она што ми требаше цело ова време беше всушност принцеза на „Дизни““, напиша тогаш актерката во описот на фотографијата на која среќно позира со нејзината избраничка, дизајнерката Романа Агрумо. Минатата недела светските медиуми објавија дека Ребел и Романа се свршиле.
Сега актерката повторно ги изненади своите фанови.
Имено, Ребел на својот Инстаграм објави дека добила ќерка со помош на сурогат-мајка.
„Повеќе сум од горда што можам да соопштам дека минатата недела со помош на сурогат-мајчинство се роди Ројс Лилијан. Не можам ни да ја опишам љубовта што ја имам кон неа, таа е прекрасно чудо! Засекогаш сум им благодарна на сите вклучени, (знаете кои сте), ова се подготвуваше со години… но особено сакам да ѝ се заблагодарам на мојата прекрасна сурогат-мајка која ја носеше и ја роди со таква благодат и грижа. Ви благодарам што ми помогнавте да основам сопствено семејство, тоа е неверојатен подарок. Најдобриот подарок. Подготвена сум да ѝ ја пружам на малата Ројс сета љубов што може да се замисли. Брзо учам… голема почит кон сите мајки! Горда сум што сум во вашиот клуб“, напишала актерката на фотографијата.
Имено, Вилсон, за помалку од една година изгубил речиси 40 килограми.
ФОТО: Инстаграм