Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, ќе ја одбие понудата на премиерот Димитар Ковачевски за лидерската средба која денеска напладне треба да се оддржи во Собранието со претседателите на парламентарните партии, објави „Слободен печат“ повикувајќи се на партиски извори од Беса.
Касами на прес-конференција ќе образложи зошто ја одбива понудата на Ковачевски.
Уште пред премиерот да закаже лидерска средба, Касами ги покани претседателите на партиите од албанскиот политички блок на лидерска средба за усогласување на позицијата да се отстрани од Уставот формулацијата „20 отсто“ и да се замени со албански јазик. Ниту еден од лидерите на партиите од албанскиот кампус не ја потврди поканата на Касами за присуство на средбата.
Викендов и претседателот на Левица, Димитар Апасиев, ја одби поканата на премиерот за лидерска средба.
Фото: МИА