More

    Куќна помошничка го тужи Џеф Безос

    spot_img

    Поранешната куќна помошничка на основачот на „Амазон“ Џеф Безос тврди дека таа и другите вработени биле принудени да работат на небезбедни и нехигиенски услови.

    Во тужбата се наведува дека морале да се искачуваат низ прозорецот на пералната за да пристапат до бањата, пренесува „Скај њуз“. Мерцедес Веда од Сиетл оваа недела поднесе тужба против милијардерот Безос и двете компании кои управуваат со неговиот имот.

    Безос ја вработил куќната помошничка во 2019 година, а во тужбата Мерцедес навела дека од неа барале „да работи околу семејството без да биде видена“. Некои од нејзините смени траеле и по 14 часа без пауза, а во текот на тоа време бањите не биле достапни за да ги користат куќните помошнички, се наведува во тужбата.

    Кога семејството Безос било дома, на слугинките им било дозволено да влезат во куќата само за да чистат. Не им било дозволено да ја користат вратата од пералната за директен пристап до бањата бидејќи таа патека водела низ резиденцијата. За да избегнат проблеми, понекогаш се качувале низ прозорецот на пералната што водел до просторијата со инсталации и цевки. Од неа по скали можело да се пристапи до бањата. Така живееле околу 18 месеци, тврди Мерцедес Веда.

    Поради недостаток на лесно достапни бањи, таа и другите куќни помошнички поминувале голем дел од денот без користење на тоалетот, поради што имале чести уринарни инфекции, што исто така е наведено во тужбата.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img